09.6.2016 Агер стави крај на кариерата
Данскиот фудбалер Даниел Агер одненадеж одлучи да ја заврши својата играчка кариера на 32 години.
„Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Тажен сум, но ова е вистинско време да престанам. Горд сум на својата кариера, беше одлично искуство“, изјави Агер на својот профил на Твитер.
Договорот на Агер со данскиот клуб Брондби му истече и не сакаше да го продолжи незадоволен од амбициите на раководството на клубот.
Тој во текот на кариерата ги носеше дресовите на само два клуба, матичниот Брондби и Ливерпул каде за девет сезони остави голема трага.
Дефанзивниот играч со тимот од „Енфилд роуд“ одигра 232 натпревари и постигна 14 голови, а освои трофеи во Лига купот и Комјунити шилд.
Два пати беше прогласен за најдобар фудбалер на Данска (2007 и 2012), додека за националниот тим забележа 71 натпревар и 12 голови.