Корисничко име Лозинка Пријави се
13.5.2016

Сами Хипија ја напушти клупата на Цирих

Некогашниот репрезентативец на Финска Сами Хипија го напушти местото на тренер на швајцарскиот Цирих еден ден откако клубот падна на последното место на табелата во првенството.

Цирих во средата на домашен терен загуби со 4-0 од Лугано, што е четврти пораз по ред, а клубот по 33-тото коло се наоѓа на последното место на табелата со 30 бодови.
Клубот соопшти дека жали за моменталната состојба и дека разделбата со Хипија е во најдобар интерес.
Хипија замина и покрај тоа што Цирих е во финалето на швајцарскиот куп, каде тимот на 29-ти мај ќе се сретне со Лугано.
Некогашниот дефанзивен играч на Ливерпул во август стана тренер на Цирих, откако клубот беше елиминиран во квалификациите за Лигата на Европа.
Хипија тренерската кариера ја започна во германскиот Баер Леверкузен, во кој ја заврши својата играчка кариера.

Најнови вести