Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2016

Гигс заинтересиран за клупата на Селтик

Велшанецот е многу заинтересиран да го преземе Селтик кој на крајот од сезоната останува без тренерот Рони Деила кој го напушта клубот.

Гигс е првиот кандидат, а медиумите на Островот соопштуваат дека сака да го напушти Јунајтед, бидејќи сè поизвесно е дека нема да добие можност и дека пропаѓа иницијативата да го наследи Ван Хал, а раководството на „црвените ѓаволи“ најверојатно се одлучило за Мурињо.
Селтик би бил неговата прва самостојна работа, ако не ги сметаме оние неколку натпревари кога го наследи Мојс. Токму Дејвид Мојс му е конкурент за работата во Селтик, но процената е дека шкотскиот шампион би се одлучил попрво за младиот Гигс, иако Мојс своевремено играше за клубот.
Третиот кандидат е уште еден поранешен тренер и играч на Селтик, Нил Ленон, кој го водеше Болтон во претходните сезони, но неговите шанси се помали...

Најнови вести