12.2.2016 Сандерленд го отпушти Џонсон
Сандерленд го отпушти Адам Џонсон откако крилниот играч призна за односот со малолетничката.
Џонсон ги отфрли обвинувањата дека имал сексуални односи со 15-годишно девојче но призна дека ја бакнал.
Сандерленд прво го изостави Џонсон од тимот за натпреварот со Манчестер јунајтед, а потоа по неколку часови го отпушти.
Него денес го очекува продолжението на судењето по две точки од обвинението за сексуални активности со малолетник.
Освен Сандерленд, англискиот репрезентативец остана и без договорот со спонзорот Адидас.
Џонсон беше уапсен во март 2015 година кога клубот го суспендираше, но ја повлече казната по разговорот со неговите претставници и Унијата на професионални фудбалери.
Во последниот настап за „црните мачки“ минатиот викенд во Ливерпул, Џонсон постигна гол во неочекуваното реми од 2-2 на „Енфилд роуд “.
Џонсон кариерата ја започна во Мидлсборо во 2010 година и помина во Манчестер сити за 10 милиони фунти, а во Сандерленд пристигна во 2012 година.
Одигра 12 натпревари за Англија и постигна два гола.