Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2016

Шкртел повторно повреден, ќе паузира три седмици

Дефанзивниот играч на Ливерпул Мартин Шкртел повторно се повреди и ќе биде надвор од теренот три седмици, потврди менаџерот Јирген Клоп.

„Црвените“ имаат многу проблеми во одбраната оваа сезона, па поради тоа го донесоа Стивен Колкер од позајмица.
Претходно од повредите заздравеа Мамаду Сако и Дејан Ловрен, но не и Шкртел.
„Шкртел го чуваше Стариџ на тренингот и повторно се повреди“, изјави Клоп.
Добра вест за Ливерпул што близу до враќање во првиот тим се Филип Кутињо и Дивок Ориги кои отсуствуваа последниот месец.

Најнови вести