Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2015

Тоти пред едномесечна пауза

Франческо Тоти, капитенот на Рома, ќе отсуствува од теренот еден месец поради повреда на бутниот мускул, пренесоа италијанските медиуми.

Тоти се повреди на натпреварот против Карпи, кога неговата екипа победи со 5-1.
Капитенот на римјаните теренот го напушти само по шест минути игра.
Италијанските медиуми во првиот момент јавија дека Тоти би можело да биде надвор од теренот и два месеца, но во саботата беше објавено дека прегледите биле охрабрувачки и дека станува збор за повреда на десниот бутен мускул.
Таа повреда ја расипала атмосферата на прославата во Рим, бидејќи капитенот на Рома во саботата го прославувал 39-тиот роденден.
Тоти за Рома дебитираше кога имаше 16 години. Првиот натпревар за тимот од Рим го одигра на 28-ми март 1993 година против Бреша. Тој целата кариера ја помина во Рома, со која освои една шампионска титула во Серија А и два трофеи во Купот на Италија.
Тоти неодамна го постигна 300-от гол во дресот на Рома.

Најнови вести