Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2015

Жервињо ќе паузира три седмици поради повреда

Жервињо, напаѓачот на Рома, ќе паузира три седмици поради повреда на задниот дел на бутниот мускул, пренесува „Фудбал Италија“.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска денес ќе почне со рехабилитација, но неговото отсуство ќе претставува голем удар за екипата на Руди Гарсија во клучниот дел на сезоната.
Дваесет и седумгодишниот Жервињо оваа сезона одигра 20 првенствени натпревари и постигна два гола, додека на шест средби во Лигата на шампионите три пати беше стрелец.
Рома веќе ја изгуби шампионската трка во италијанската Серија А, заостанува со 14 бодови зад водечкиот Јувентус, но има само еден бод повеќе од третопласираниот Лацио, па ѝ е загрозен директниот пласман во Лигата на шампионите.

Најнови вести