Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2011

Одо на заем во Лече

Италијанскиот ветеран Масимо Одо го напушти Милан и му се приклучи на Лече на едногодишен заем.

Десниот бек, кој минатата сезона забележа десет настапи за „росонерите“, се одлучи на едногодишен заем во Лече откако тренерот Масимилијано Алегри му рече дека не смета на него оваа сезона.

Одо дојде во Милан во 2007 година и оттогаш за актуелниот шампион на Италија настапи само на педесет и шест првенствени натпревари.

Најнови вести