Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
05.8.2018

Алегри: Реал е опасен и без Кристијано

И Реал и Јуве ќе бидат во врвот на европскиот фудбал во претстојната сезона, прогнозира тренерот на гигантот од Торино

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, после поразот од 1:3 на неговиот тим од Реал Мадрид на пријателската средба во Вашингтон, рече дека шпанскиот тим и понатаму е силен, иако остана без првиот стрелец Кристијано Роналдо. Тој не одговори директно на прашањето длаи мисли дека Реал е помалку опасен без Роналдо, но го пофали составот на колегата Хулен Лопетеги. 
„Сега Кристијано е во нашиот тим и тоа е многу важно за нас, а Реал секогаш е компетитивен, особено на меѓународна сцена. Остануваат една од најсилните екипи на светот. И на нив и на нас ни фалеа играчи, а кога ќе се комплетираме, и ние и Реал остануваме значајни фактори во европскиот фудбал“ – рече италијанскиот стручњак. 
Алегри рече дека Реал треба да биде среќен што во своите редови има млад играч како Марко Асенсио, кој против Јуве даде два гола. Што се однесува до тоа, што очекува од Португалецот, Алегри смета дека со Роналдо, добиваат голема помош во Лигата на шампионите, но тоа не значи дека ќе биде полесно од порано да се освои тоа натпреварување. Алегри кратко се осврна и на можниот трансфер на Лука Модриќ во Интер, но тренерот на Реал Мадрид тврди дека хрватскиот плејмејкер останува во Мадрид. 

Најнови вести