Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2014

Лукаку сака назад во Евертон

Иан Аткинс, спортскиот директор на Евертон, верува дека Ромелу Лукаку е на добар пат и следната сезона да игра за екипата од Ливерпул.

Фудбалерот кој има договор со Челзи наводно е цел на Реал Мадрид, но и Евертон е подготвен да понуди 25 милиони евра за негов трансфер.
„Ромелу имаше одлична сезона во Евертон и сите во клубот се согласни дека би сакале повторно да го видат во тимот. Се надеваме дека сè ќе тече според планот, а верувам дека и тој е подготвен повторно да го облече синиот дрес“, изјави Аткинс.
Клубот од Мадрид, наводно, веќе спремил повеќе од 22 милиони за доведување на репрезентативецот на Белгија, кој минатата сезона за Евертон одигра 36 натпревари и постигна 16 голови и осум асистенции.
Тој и понатаму е во сопственост на Челзи, во кого во 2011 година стигна од Андерлехт за речиси десет милиони евра.

Најнови вести