Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2014

Филип Ѓорѓевиќ од следната сезона во Лацио

Филип Ѓорѓевиќ, играчот на Нант, изјави дека од наредната сезона ќе го носи дресот на Лацио.

Шпекулациите за доаѓањето на српскиот репрезентативец во Лацио кружат веќе со месеци, а дури денес тоа го потврди самиот фудбалер во изјавата за Лацио Стајл радио.
„Здраво, јас сум Филип Ѓорѓевиќ. Јас сум нов играч на Лацио од наредната сезона. Многу сум возбуден што ќе играм за толку угледен клуб. Се надевам дека ќе доживеам огромни емоции со вас“, изјави Ѓорѓевиќ.
На некогашниот играч на Црвена ѕвезда договорот со францускиот Нант му истекува во јуни.


Најнови вести