Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2018

Неверојатно – судијата го сопна фудбалерот, па му даде црвен картон!

Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Нант со 1-0, но во натпреварот од дваесеттото коло во центарот на вниманието беше главниот судија Тони Шапрон.

Шапрон стана хит на социјалните мрежи и најверојатно ќе влезе во историјата на фудбалот.
Во 91-вата минута од средбата, Диего Карлос, играчот на Нант, случајно се судри со судијата Тони Шапрон.
Тоа не е ништо чудно бидејќи ваквите ситуации се чести на натпреварите, но тоа што го направи арбитерот, никогаш претходно не се случило.
Шапрон прво се обиде со нога да го сопне Диего, а потоа на фудбалерот на домашниот тим му покажа жолт картон, втор на натпреварот.
Сите на стадионот влегоа во расправа со судијата, но тој не ја промени неговата одлука.
Оваа снимка ќе ја прегледа и Фудбалскиот сојуз на Франција, а каква и да биде одлуката, нема сомнение дека овој судија ќе остане запаметен по овој необичен потег.
Судијата денеска е суспендиран од страна на техничката комисија за арбитража во Франција. Шапрон засега има забрана за судење на натпревари во Франција на неопределно време, а неговиот следен ангажман, мечот помеѓу Анжер и Троја ќе биде доделен на друг арбитар.

 

Најнови вести