Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2018

Вардар поразен во Нант, против Висла за четвртфинале

Вардар загуби минимално со 26-27 во натпреварот од 13-тото коло од ракометната Лига на шампиони на гости кај Нант, па директниот пласман во четврт-финалето ќе мора да го завери следниот викенд, во последниот натпревар од групната фаза против Висла.

Вардар моментно се наоѓа на првото место на табелата во групата А со 20 освоени бода, еден повеќе од Нант и два повеќе од Барселона, па за да го завери директниот пласман во четврт-финалето, ќе мора да одигра најмалку реми против Висла. Ако имаат еднаков број бодови со Нант, Вардарци сепак имаат подобра меѓусебна гол-разлика. Дури и ако Вардар, Барселона и Нант имаат еднаков број бодови, првото место ќе го освои Вардар бидејќи има најдобра вкупна гол-разлика.
На почетокот на натпреварот во Франција, домаќинот брзо направи предност од неколку погодоци, а потоа дојде и до плус шест за водство од 18-12 на полувремето. Одбраната и нападот на Вардар играа многу лошо, не ја покажаа агресивноста што ја имаа досега, а и голманот на гостинот одлично си ја вршеше работата.
Французите и во второто полувреме постојано имаа предност, сè до 50-тата минута, кога Вардар почна да игра во негово вистинско светло. Имаше добра одбрана, а нападот почна да функционира и ја намали разликата на домаќинот.
Арбитрите донесоа одлуки на кои сите им забележаа, а на тоа се пожали и тренерот Раул Гонзалес, кој вообичаено никогаш не коментира судиски одлуки. 
На три минути до крајот, судиите досудија пенал во моментот кога ракометарите на Нант се обидоа да изведат цепелин, а тоа го прочита Дибиров и во скок ја фати топката во раце во истиот момент со Балагер. Судиите за тоа досудија пенал. Но и покрај тоа, Вардар не се предаваше, а на крајот му требаше само малку повеќе концентрација во последната минута и да не направи техничка грешка, со која на Нант му овозможи пак да има предност од два гола.
Овој беше најлошиот натпревар на Вардар во рок од една година, направи многу грешки во играта, а нападот не реализира многу удари.
Најдобар на натпреварот беше Тимур Дибиров, кој постигна шест гола, а четири даде Лука Циндриќ. По три постигнаа Хорхе Македа и Данил Шишкарев.

Најнови вести