Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2013

Интер го доведе Алжирецот Тајдер, а четири месеци остана без Киву

Сафир Тајдер, досегашниот член на италијанскиот прволигаш Болоња, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Интер од Милано.

Според договорот на двата клуба, во спротивна насока отиде Диего Лаксалт.
„Интер е навистина голем клуб кој досега ги освои сите можни трофеи. Среќен сум што сум овде“, изјави Тајдер за интернет-страницата на Интер.
Тајдер има 21 година, игра на средината на теренот, а минатата сезона за Болоња одигра 35 натпревари и постигна пет голови.
Овој фудбалер за селекцијата на Алжир досега настапи четири пати и постигна два погодоци.
На Кристијан Киву, романскиот 32-годишен фудбалер на „нераѕурите“, во Мајами му е извршен оперативен зафат на палецот на десното стапало.
Романецот, за кого тоа беше трета операција на палецот на десното стапало во кариерата, од теренот ќе отсуствува дури четири месеци. Минатата сезона одбранбениот играч настапи само во три натпревари за Интер поради константни проблеми со повреди.

Најнови вести