Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2012

Поништени црвените картони на Гибсон и Кол

Дисциплинската комисија на Англиската фудбалска федерација ги поништи двата картони кои беа доделени на дуелот од 18 коло во Премиер лигата меѓу Вест хем и Евертон.

Судијата Ентони Тејлор му покажа црвен картон на фудбалерот на Евертон, Дарон Гибсон, поради високо подигната нога во еден дуел со Марк Нобл, а поради сличен прекршок над Лејтон Бејнс црвен картон доби и напаѓачот на Вест хем, Карлтон Кол.
И двајцата фудбалери по натпреварот се жалеа на своите исклучувања, а доколку жалбата беше неуспешна, можеа да добијат три натпревари суспензија.
Гибсон, ако закрепне од повредата на бедрениот мускул, може да заигра во неделниот премиерлигашки натпревар против Челзи, а Кол во сабота ќе го предводи нападот на „чеканите“ проетив Рединг.

Најнови вести