Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2012

Милан без Боатенг и Де Шилјо кај Палермо

Кевин-Принс Боатенг и Матија де Шилјо се под голем знак прашалник за средбата од десеттото коло на првата италијанска фудбалска лига во гости против Палермо.

„Росонерите“ вчера го одработија утринскиот тренинг пред денешниот натпревар кај Палермо, а не тренираа Боатенг и Де Шилјо. Боатенг го мачи повредата на коленото, додека младиот одбранбен играч има вироза.
Добра вест за навивачите на Милан е дека меѓу стативите се враќа Кристијан Абијати, кој, пак, го одработи последниот тренинг. Тој на голот ќе го замени Марко Амелија, кој бранеше во средбата од деветтото коло и победата против Џенова (1-0).
Милан по девет одиграни натпревари се наоѓа на 12-тото место на табелата на Серија А со десет освоени бодови (три победи, реми и пет порази), а зад лидерот Јувентус заостанува практично недостижни 15 бодови.

Најнови вести