Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2012

Алегри суспендиран на еден натпревар

Масимилијано Алегри, тренерот на фудбалерите на Милан, е казнет со еден натпревар забрането водење на екипата бидејќи по неделниот пораз од 2-1 на својата екипа кај Удинезе во четвртото коло на Серија А го навредувал судијата.

„Изненаден сум, ништо не направив“, рече Алегри откако дозна за суспензијата.
Милан планира да поднесе жалба на оваа одлука на Дисциплинската комисија на Серија А.
Милан натпреварот го заврши со деветмина играчи, бидејќи Кристијан Запата и Кевин-Принс Боатенг поради втор жолт картон мораа пред време да го напуштат теренот. Двајцата се суспендирани на еден натпревар.
Макси Лопес, 28-годишниот аргентински напаѓач, кој игра во Сампдорија на заем од Катанија, доби два натпревари суспензија бидејќи чукаше по вратите на судиската соблекувална и гласно викајќи ги навредуваше судиите. Случајот е пријавен во Италијанскиот фудбалски сојуз, па Лопес би можело да добие и дополнителна казна.

Најнови вести