Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2012

Тоти неизвесен за дуелот против Болоња

Франческо Тоти, капитенот на Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома, во прашање е за натпреварот на Серија А против Болоња овој викенд.

Според пишувањата на „Скај спорт Италија“ Тоти поради удар во десното стапало го напушти утринскиот тренинг на Рома и во текот на денот ќе му бидат направени дополнителни тестови за да се утврди тежината на повредата.
Рома во недела на својот „Олимпико“ ќе игра против Болоња, а настапот на Тоти, кој беше клучен играч на „волчицата“ во натпреварот од минатото коло кај Интер (победа 3-1), ќе биде неизвесен до последен момент.

Најнови вести