Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2012

Францускиот прволигаш Евијан го смени тренерот

Четириесет и петгодишниот Уругваец Пабло Алехандро Кореја веќе не е тренер на францускиот фудбалски прволигаш Евијан само по осум месеци поминати на таа должност.

Причина е слабиот старт во сезоната во француското првенство и само еден освоен бод во четири одиграни кола со гол-разлика 3-7.
На клупата наследник на Кореја ќе биде Паскал Дупра, досегашен спортски директор на Евијан, кој клубот го тренираше меѓу 2000 и 2009 година, додека клубот сè уште имаше аматерски статус.
На Кореја работата во Евијан му беше втора во тренерската кариера. Претходно го водеше Нанси.

Најнови вести