Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2014

ПСЖ под истрага на УЕФА

Пред реванш-натпреварот од четврт-финалето на Лигата на шампионите меѓу Челзи и ПСЖ, гостинскиот тим го тресат немири. УЕФА моментно спроведува истрага која ги проверува документите на ПСЖ, а се сомнева на нерамноправен договор тежок 200 милиони евра годишно кој е склопен со Управата за туризам на Катар.

Органите на УЕФА почнале со форензичко прегледување на сметките за да се утврди дали работењето со Катарците ја преминува границата одредена според прописите на европската куќа на фудбалот.
Како што пренесува британскиот „Телеграф“, управното тело на европскиот фудбал смета дека е можно споменатиот спонзорски договор да е спротивен на прописите за финансиски фер плеј, а доколку сомнежите се вистински, ќе следуваат санкции кон францускиот клуб, кои може да одат до таа мера клубот од Париз да биде исфрлен од европските натпреварувања.
Доколку се случи такво нешто, тоа ќе биде дури во наредната сезона, допуштајќи ПСЖ да го продолжи актуелното учество во Лигата на шампионите. Претставници на „светците“ однапред ги отфрлија сите обвинувања како неосновани, така што може да се очекува брз одговор доколку УЕФА разоткрие нелегално водење на работите на клубот од Париз.


Најнови вести