Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2014

Ливерпул и Интер под истрага на УЕФА

Европската фудбалска унија соопшти дека отворила истрага против Ливерпул и Интер од Милано поради кршење на правилата за финансискиот фер плеј.

Поранешните шампиони на Европа се меѓу седумте клубови под истрага за преминување на лимитот во последните две финансиски години.
УЕФА додаде дека Монако и Рома исто така се вмешани и мора да достават финансиски извештаи во наредните два месеци.
Списокот од седумте клубови под истрага на УЕФА го комплетираат Спортинг Лисабон, Бешикташ и Краснодар.

Најнови вести