Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2013

Јунајтед, Арсенал, Тотенхем и Ливерпул против Сити и Челзи

Манчестер јунајтед, Арсенал, Тотенхем и Ливерпул упатија писмено барање до раководството на Премиер лигата да почнат стриктно да ги применуваат одредбите од финансискиот фер плеј на Европската фудбалска федерација.

Според пишувањата на „Дејли мејл“, четирите големи клубови ја повикуваат Премиер лигата да почне да води контрола на потрошувачката и да ги спречи богатите сопственици на клубовите како Челзи и Манчестер сити на фиктивен начин да ги прикриваат финансиските загуби. Сити, чиј сопственик е шеикот Мансур бин Зајед, и Челзи, кој е во рацете на рускиот тајкун Роман Абрамович, остро се противат на каква било контрола на потрошувачката.
„Не чувствуваме дека последните предлози одат доволно далеку да ја намалат инфлаторната потрошувачка која врши толкав притисок на клубовите во лигата. Веруваме дека секој предлог за финансиска регулатива мора да вклучува смислени мерки со кои би се ограничиле сопствениците да финансираат оперативни загуби“, стои, меѓу останатото, во писмото на четирите клубови.

Најнови вести