Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2015

Укинато ограничувањето за трансфери и за Манчестер сити

Манчестер сити и ПСЖ во 2014 година беа казнети од страна на УЕФА поради прекршување на финансискиот фер-плеј.

Една година подоцна прво ПСЖ беше ослободен, а вчера УЕФА соопшти дека и Манчестер сити може да троши колку сака.
„Граѓаните“ имаа рестрикции и 49 милиони фунти за купување, но можеше да регистрира само 21 фудбалер за Лигата на шампионите. Покрај ограничувањата, беше казнет и со 16 милиони фунти поради кршење на правилото. Сега тие забрани се тргнати и треба да се очекува дека Сити ќе биде многу активен во овој преоден рок.
„Сакаме инвеститори во фудбалот, но добри и вистински инвеститори. Ширум Европа се појавуваат луѓе кои многу ветуваат, но се случува спротивното и клуБовете банкротираат“, изјави генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино.

Најнови вести