Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2012

УЕФА со строги казни за должниците

Од европската куќа на фудбалот стигна строга казна за нередовните плаќачи меѓу кои се Малага, Арсенал Киев, Динамо Букурешт, Партизан, Војводина, Хајдук и Осијек.

УЕФА реши веќе да не толерира должници и најголемата казна ја доби Малага на која ѝ се одземени 300.000 евра од парите заработени во оваа сезона од Лигата на шампионите и дефинитивно е исфрлена од европските купови ако избори пласман во тековната сезона. Ако не ги плати долговите до 31 март ќе биде исфрлена од европските натпревари во следните четири години. Малага има милионски долгови и прашање е дали ќе успее на време да ги исплати сите побарувања.
Слична казна доби и белградски Партизан, на кој му се одземени 100.000 евра од исплатите на УЕФА и три години условна суспензија ако не ги плати долговите, а на списокот се и Војводина, Арсенал од Киев, Динамо и Рапид од Букурешт, Хајдук и Осиек.
Според новиот закон за финансиски фер-плеј, УЕФА реши веќе да не им попушта на клубовите кои им должат на сегашните и поранешните фудбалери, тренери и вработени или ако не го платиле данокот. Пред неколку седмици УЕФА издаде соопштение во кое се предупредуваат должниците да ги исплатат своите обврски.
За разлика од Партизан, Војводина не е казнета со суспензија од европски настапи и санкционирана е само со 10.000 евра.
Хајдук е казнет со три години и 80.000 евра, Осијек, Динамо и Рапид од Букурешт се исто така казнети со тригодишна суспензија и со 100.000 евра, Арсенал Киев со 75.000 евра, а Лех од Полска е ослободен бидејќи ги исплатил своите долгови.

Најнови вести