Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2013

Фернандес наследник на Жирар на клупата на Монпелје

Педесет и осумгодишниот Жан Фернандес ќе ја преземе клупата на Монпелје од следната сезона, потврдија од редовите на актуелниот француски фудбалски шампион.

„Жан Фернандес ќе го наследи Рене Жирар во улогата тренер од први јули“, објави Монпелје на својата интернет-страницата, додавајќи дека Фернандес ќе потпише двегодишен договор.
Жирар Монпелје го тренираше од 2009 година и минатата сезона го одведе до првата титула во француското првенство, но по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот бидејќи пропушти со управата да се договори околу продолжување на договорот.
Фернандес, меѓу останатото, е поранешен тренер на Ница, Марсеј и Оксер, а последната работа ја вршеше во Нанси, чија клупа ја напушти во јануари оваа година.

Најнови вести