Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2012

Манчестер сити го намали долгот за третина

За два месеци, кога ќе го објави финансискиот извештај за 2012 година, англискиот фудбалски шампион Манчестер сити ќе прикаже извонредно намалување на дефицитот во работењето.

Англиските медиуми објавија дека во текот на минатата година сопствениците на клубот, освен што ја освоија првата шампионска титула по 44 години, заштедиле околу 60 милиони фунти, па со тоа прикажаниот долг од 197 милиони фунти пред една година, генериран со политиката на силно инвестирање во играчи во текот на неколкуте последни сезони, го намалиле речиси за една третина.
Изворот, исто така, наведува дека во проекцијата на финансиското работење за почнатата сезона ќе има дополнително намалување на долгот, кој до крајот на 2013 година би требало да изнесува меѓу осумдесет и сто милиони фунти.
Наведените податоци покажуваат дека раководството на клубот сериозно ги примило инструкциите на Европската фудбалска федерација за финансискиот фер плеј, чија прва фаза би требало да се имплементира веќе за следната фудбалска сезона (2013/14).

Најнови вести