Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2015

Казни за Интер и Рома поради кршење на финансискиот фер плеј

Италијанските клубови Интер и Рома се соочуваат со казна од Светската фудбалска федерација поради кршење на финансискиот фер плеј, пренесува „Газета дело спорт“.

Како што се наведува, Интер би можело да биде казнет со околу седум милиони евра, но и со намалување на играчкиот кадар во следната сезона во некое од европските натпреварувања.
Од друга страна, Рома не ги прекршила правилата премногу и финансиски ќе биде помалку казнета во однос на „нераѕурите“.
Претходно, поради кршење на финансискиот фер плеј беа казнети Манчестер сити и ПСЖ со по 60 милиони евра, како и со регистрација само на 21 играч за натпреварувањето во Лигата на шампионите во оваа сезона.
УЕФА поради тие работи немаше милост ниту кон помалите клубови, па од европските натпреварувања ги исфрли Сконто, Металург од Донецк и Црвена ѕвезда.

Најнови вести