Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2012

Траоре налето во Милан

Бакај Траоре, играчот за врска на Нанси, на крајот од сезоната ќе замине во редовите на Милан.

Дваесет и седумгодишниот репрезентативец на Мали оваа сезона одигра дваесет натпревари во францускиот шампионат и постигна пет голови, додека за својата земја одигра дваесет и еден натпревар со постигнати два гола.
Тој за кратко време направи огромен чекор во својата кариера, во Нанси дојде во 2009 година од Амиен, а сега ќе игра на „Сан Сиро“.
Нанси на две кола пред крајот на шампионатот се наоѓа на единаесеттата позиција и без проблеми го обезбеди опстанокот во лигата, а голема заслуга му припаѓа и на Траоре.

Најнови вести