Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2014

76 клубови под истрага на УЕФА

Европската куќа на фудбалот потврди дека 76 учесници во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа ќе мораат да поднесат финансиски извештај во согласност со новите правила на финансискиот фер плеј, пренесоа италијанските медиуми.

Одборот за финансиска контрола на УЕФА во април ќе објави список на клубови кои ќе бидат пратени на Дисциплинската комисија на УЕФА. Правилата на финансискиот фер плеј стапуваат на сила за клубовите да трошат во рамките на своите можности и да се спречат тимовите на богатите сопственици со неконтролирано трошење пари да дојдат до успех.
Клубовите нема да можат да трошат повеќе од своите приходи, иако е дозволена финансиска инјекција од 45 милиони евра во следните три години. Исклучок од ова е трошењето кое е  наменето кон унапредување на условите на тренинг и развој на младите фудбалери. 
„Финансискиот фер плеј ги поттикнува клубовите да работат во согласност со своите приходи и притоа не сака да исклучи или изолира некои клубови, но ќе преземе казнени мерки доколку тоа биде потребно“, изјави генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино. 
Медиумите шпекулираат дека главни „осомничени“ за кршење на овие правила се Манчестер сити и ПСЖ.


Најнови вести