Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2014

УЕФА ги казни Манчестер и ПСЖ со 60 милиони евра

УЕФА ги казни Манчестер сити и ПСЖ со 60 милиони евра поради кршење на правилата на финансискиот фер плеј.

Од оваа казна 40 милиони се условна казна и ќе им бидат вратени на клубовите доколку ги исполнат условите на УЕФА за финансискиот фер плеј во следните две сезони.
Двата клуба за наредната сезона имаат право да регистрираат само по 21 фудбалер за Лигата на шампионите (наместо 25), нема да смеат да потрошат повеќе од 60 милиони евра во преодниот рок, ниту во наредните две сезони да издвојат повеќе за плати од актуелниот износ.
УЕФА казни уште седум клубови: Зенит, Галатасарај, Рубин, Трабзон, Бурса, Анжи и Левски.
Зенит е казнет најмногу - со 12 милиони евра, од кои шест условно, а ќе може да пријави 22 фудбалери за Лигата на шампионите. Со три милиони евра казнет е Рубин, а двата клуба добија и шестмесечна забрана за трансфери.
Анжи е казнет со два милиони евра, еден милион условно, а другите клубови со околу 200.000 евра и дополнителни  санкции поради непочитување на договорите со свои вработени.

Најнови вести