Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2012

Шовин нов тренер на Брест

Францускиот прволигаш Брест го именуваше Ландри Шовин за нов тренер, со кого потпиша двегодишен договор со опција за уште една сезона.

За четириесет и тригодишниот стратег ова ќе биде прва работа во елитниот ранг во францускиот фудбал. Претходно во својата кариера работеше како тренер на нисколигашите Седан и Нант, а на клупата на Брест ќе го наследи Корентин Мартинс.
Минатата сезона Брест се бореше за опстанок во првата француска лига и на крајот успеа во своите намери, завршувајќи го шампионатот на петнаесеттото место на табелата.
Шовин во овој период ќе има задача да го подготви тимот, да доведе квалитетни засилувања.
Францускиот шампионат ќе почне на 11-ти август, а Брест во првото коло ќе игра на гости против Нанси.

Најнови вести