Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2014

Вардар регионален шампион

Актуелниот македонски шампион Вардар во финалето на завршниот турнир во Нови Сад со триумфот од 29-27 над белорускиот состав Мешков Брест стана нов шампион во СЕХА лигата.

Белорускиот шампион ги намачи ракометарите на Вардар, кои лошо го почнаа финалниот натпревар и во првите пет минути без постигнат погодок заостануваа со 3-0, но Тимур Дибиров не дозволи поголема серија на противникот и го намали резултатот на 3-2.
Предводени од рускиот репрезентативец, ракометарите на македонскиот шампион  до крајот на полувремето го бркаа резултатот и на паузата заминаа со заостанување од 14-15.
Неизвесно беше и на стартот на вториот дел, а Вардарци прв пат поведоа во 39-тата минута со голот на Прибак, негов прв на натпреварот. Нашиот шампион почна да ја покажува својата сила и на 15 минути до крајот имаа три гола предност, 23-20.
На пет минути до крајот Вардар го реши натпреваро со предност од 5 гола, а во финишот на стигнаа до триумф од 29-27 доволен за големо славење.
Ова е втора шампионска круна за Вардар во третото финале на третото издание на регионалната СЕХА лига.
Тимур Дибиров беше најдобар играч на натпреварот со 11 голови, го доби и признанието за МВП на завршниот турнир, а Малумбрес имаш 12 одбрани во финалето.

Најнови вести