Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Беласица поентираше за сметка на Вардар

Новиот прволигаш го запре фаворитот и го освои својот прв бод сезонава

Вардар на првото гостување во Струмица после десетина години, не успеа да освои три бода, па по вторпат сезонава ремизираше. Скопските „црвено-црни“ поведоа со 1-0 со голот на Евгени Новак кој со глава погоди по центрашутот на Јуфо од корнер. Но, Беласица украде топка на средина на теренот, тргна во полуконтра, а непогрешливиот Зоран Балдовалиев ја затресе мрежата на гостите и ја израдува домашната публика. 

Публиката која е најде на „Градскиот стадион“ во Тетово, имаше прилика да види два прекрасни гола, со шутеви од голема далечина. Ренова поведе во 30 минута, откако искусниот Фисник Нухиу ги потсети ѓорчепетровци дека има „топ“ во левата нога. Само пет минути подоцна, и „лавовите“ покажаа дека имаат бомбардер во своите редови. Робсон да Силва од слободен удар испрати силен и неодбранлив шут за изедначување на 1-1, кои беа и конечни. 

Силекс и Победа во Кратово одиграа 0:0 и сега двата тима имаат по пет бода од четири кола. 
Од 20 часот се игра уште едно скопско-струмичко дерби. Работнички ќе се обиде да се изедначи со Академија Пандев која има 9 бода по првите три кола. 

 

Најнови вести