Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
16.5.2018

Марадона директор на белорускиот Динамо Брест

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, е именуван за директор на Динамо од Брест, соопшти белорускиот клуб.

Марадона потпишал тригодишен договор со желба да му помогне на Динамо да го прекине 12-годишното владеење на БАТЕ Борисов во Белорусија.
Задача на легендарниот 57-годишен Аргентинец ќе биде да работи на развојот на клубот, но и да донесува одлуки во врска со играчкиот кадар и младинската школа.
Марадона минатиот месец доби отказ како тренер во Фуџаира, второлигашкиот клуб од Обединетите Арапски Емирати, но и брзо најде нов ангажман.