Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2012

Катанија го потврди заминувањето на Монтела во Фиорентина

Италијанскиот прволигаш Катанија го потврди заминувањето на својот досегашен тренер, 37-годишниот Винченцо Монтела. Негова нова дестинација ќе биде Фиорентина.

Иако на крајот на сезоната се појави приказната за можно враќање на Монтела во Рома (таму минатата година ја почна својата тренерска кариера), Катанија ја негираше таквата можност.
Сепак, само неколку седмици подоцна се согласи да го продаде Монтела, а веќе се наведува дека на клупата ќе го замени со Пасквале Марино или Микеле Серена.
Фиорентина во текот на сезоната смени неколку тренери, а ја заврши со Винченцо Гуерини. Инаку, Фиорентина заврши на 13-тото место на табелата, а пред крајот на сезоната дури стравуваше од испаѓање.
Засега не се наведува на колку години Монтела ќе потпише договор и за која сума.

Најнови вести