Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Сидорф порачува: Кој игра во Кина, нема да биде во репрезентацијата

Холанѓанецот мисли дека кинеската лига не е конкурентна и не е за млади играчи

Камерунскиот селектор, легендарниот холандски ас Кларенс Сидорф, при соопштувањето на списокот на репрезентативци за претстојниот меч од квалификациите за Африканскиот куп на нациите рече дека во националниот тим кој го води тој нема да има место за фудбалери кои настапуваат во кинеската лига. 
Новопечениот селектор на Камерун има резерва околу квалитетот на играчи кои среќата си ја бараат во богатата кинеска Суперлига и за него, најдобри се оние што настапуваат во Европа и во натпреварувања како Лигата на шампионите. 
„Сакам да се фокусираме на нашите играчи кои настапуваат во топ лигите, во најдобрите клубови. Она што сигурно нема да го вреднувам се млади играчи од 20 години кои играат во клубови од Кина. Таа лига не е конкурентна. Играчите мора да разберат една работа. Ако приоритет им е само побогат договор, тогаш автоматски отпаѓаат од националниот тим. Не им ја затворам вратата, но ќе мора повеќе да се потрудат за да добијат повик“, изјави Сидорф, кој е единствен играч во историјата кој ја освоил ЛШ со три различни клуба (Ајакс, Реал Мадрид и Милан). 

 

Најнови вести