Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2014

Гатузо: Ќе се вратам во Милан како тренер

Џенаро Гатузо, некогашниот играч за врска на Милан и досегашен тренер на Палермо, е сигурен дека во иднина патиштата повторно ќе го нанесат да се врати во градот на модата за да му помогне на својот клуб.

„Еден ден ќе се вратам во Милан, но како тренер. Тој клуб е мојот втор дом“, изјави некогашниот тренер-играч во Сион за Скај спорт Италија. Гатузо додаде дека имал профитабилни понуди од источните земји, но дека одлучил да остане во Италија, каде што, наводно, еден од клубовите е заинтересиран да го доведе на чело на стручниот штаб. „Се откажав од понудите коишто доаѓаа од Малезија и од Сингапур. Сега имам понуда од клубот кој е само еден час оддалечен од мојата куќа, така што ќе видиме“, додаде некогашната „осумка“ на Милан. Покрај тоа, тој ја искоментира и сегашната ситуација во клубот на поранешниот соиграч Кларенс Сидорф, кој моментно е тренер на „росонерите“. „Не е фер медиумите постојано да го плашат Кларенс со отказ, но јасно е дека клуб каков што е Милан едноставно мора да игра во Европа“, изјави Гатузо.

Најнови вести