Корисничко име Лозинка Пријави се
27.5.2014

Македонија поразена од Камерун

Македонската фудбалска репрезентација беше поразена на пријателскиот натпревар во Австрија од репрезентацијата на Камерун, која ќе настапува на Мундијалот во Бразил.

Уште од самиот почеток на средбата фудбалерите на Камерун ја имаа контролата на играта, а нашите репрезентативци имаа проблеми со лошата организација, но Камерун не го искористи тоа.
По седум минути игра во вториот дел, Вебо го совлада Пачовски за водство на Камерун од 1:0. Новиот селектор Ѓуровски направи четири измени, уфрлувајќи ги во игра Јаховиќ, Сулејманов, Илијоски и Велкоски кои внесоа повеќе живост  и агресивност во играта. 
Најдобрата шанса нашата репрезентација ја имаше во 70-тата минута, кога Јаховиќ одлично го проигра Илијоски пред голот, но напаѓачот на Работнички го погоди противничкиот голман.
Репрезентативците на Камерун за две седмици ќе настапат на Светското првенство во Бразил, а во овој натпревар не играа со сите сили. На шест минути пред крајот на средбата со голот на Чупо-Мотинг го зголемија водството и победија со 2-0.
За Македонија ова беше втор натпревар и втор пораз против Камерун, а  вкупно петта средба против репрезентации од Африка на која немаме победено.

Најнови вести