Корисничко име Лозинка Пријави се
27.5.2014

Пипо Инзаги го презема Милан?

Филипо Пипо Инзаги, поранешниот напаѓач на Милан, ќе стане нов тренер на тој клуб, тврдат медиумите во Италија.

Инзаги неколку пати се споменуваше како можно решение за клупата на „росонерите“, а конечно ќе го преземе првиот тим, откако тренерската кариера ја почна во помладите категории.
Овој пат челниците на Милан, Силвио Берлускони и Адријано Галијани, одлуката ја донесоа по тричасовниот состанок со Инзаги.
Тој на разговорот пристигнал околу 21 часот и се задржал речиси до полноќ, а иако средбата била организирана на тајно место и со самото тоа недостапна на јавноста, ангажирањето на Инзаги сега е извесно.
Досега единствен кандидат за клупата на тимот беше Унаи Емери, тренерот на Севилја, но тој отпадна откако изјави дека сака да го продолжи договорот со Андалузијците.
Тоа значи дека неодамнешниот тренер, уште еден поранешен фудбалер, Кларенс Сидорф, кариерата во Милан ќе ја заврши само по четири месеци. Сидорф стигна на 15-ти јануари, а натпреварот против Сасуоло му беше последен на клупата на клубот од Милано.
Иако потпиша двегодишен договор, Холанѓанецот со своите резултати не ја убеди управата – освои 35 бодови во вториот дел од првенството.
Берлускони инсистираше Сидорф да го замени Алегри, но договорот со него сепак ќе биде раскинат.
Инзаги го предводеше Милан Примавера до титулата на престижниот турнир во Вијареџо, со што ги убеди челниците повторно да преземат ризик и да ангажираат неискусен тренер само една седмица по завршувањето на сезоната.

Најнови вести