Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2014

Сидорф: Да, го преземам Милан

Кларенс Сидорф, холандскиот фудбалер и член на бразилскиот Ботафого, изјави дека ќе стане тренер на италијанскиот Милан.

„Мојот следен чекор е преземање на Милан. Ова е тешка одлука, но задоволен сум со она што го постигнав досега во играчката кариера. Конечната одлука ја донесов во текот на денот, вчера ми беше тешко да одлучам“, изјави Сидорф.
Од управата на Милан за „Асошиејтед прес“ изјавија дека Сидорф со клубот треба да потпише договор и дека тој во Италија ќе допатува денеска.
Триесет и седумгодишниот Сидорф на клупата на Милан ќе го замени Масимилијано Алегри.
Холанѓанецот во својата играчка кариера настапуваше во Милан од 2002 до 2012 година, со кого двапати ја освои Лигата на шампионите, и по една титула на Серија А и на Суперкупот на Европа.

Најнови вести