Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2017

Камерун со пресврт до врвот на Африка

Фудбалерите на Камерун по петти пат станаа шампиони на Африка, а прв пат по 2002 година.

„Непобедливите лавови“ во финалето во престолнината на Габон, Либрвил, го надиграа најтрофејниот тим на Црниот континент, Египет со 2-1 по пресвртот.
Египет, седумкратниот освојувач на Купот на африканските нации, поведе во 25-тата минута, по одличната комбинација на Мохамед Салах и Мохамед Елнени, и водеше до последниот половина час од натпреварот.
Камерун ја презеде иницијативата во второто полувреме, го стегна обрачот околу казнениот простор на „фараоните“ и конечно изедначи во 60-тата минута.
Бенџамин Муканџо ја испрати топката од левата страна на пет метри, каде што одлично скокна Николас Нкулу и со глава го погоди долниот дел од аголот за 1-1.
Се очекуваше продолжение на стадионот „Стад д’Онгонже“, кога во 89-тата минута Венсан Абубакар ја искористи неверојатната грешка на дефанзивните играчи на ривалот и меѓу двајцата топката ја испрати во далечниот агол за големото славење на „непобедливите лавови“.

 

Најнови вести