Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2018

Русија прва во нокаут-фазата

Фудбалската репрезентација на Русија ја оствари втората победа на Светското првенство чиј домаќин е таа откако го совлада Египет со 3-1 и на тој начин дојде на прагот од елиминациската фаза.

Само уште теоријата ги спречува Русите по победата над Египет со 3-2 да не почнат да слават пласман во нокаут-фазата, за прв пат од распадот на СССР, бидејќи прво се гледа гол-разликата. Но и таа пречка ќе биде отстранета по натпреварот меѓу Уругвај и Саудиска Арабија.
Русија тргна подобро во натпреварот, со желба што побрзо да дојде до гол со којшто во целост би го контролирала резултатот. Но, откако го издржаа првиот налет, „фараоните“ прво зедоа здив, а потоа тргнаа поофанзивно. Тоа им донесе три убави шанси, со обидите на Трезеге и Салах, но остана 0-0 на полувремето.
Само што изгледаше дека натпреварот влегува во рововска борба, следуваше промена на резултатот. Ахмед Фати на почетокот на второто полувреме постигна автогол, па потоа „фараоните“ тргнаа на сè или ништо и следуваше казната. Во 59-тата минута Денис Черишов со третиот гол на шампионатот го доведе домаќинот во водство од 2-0. Уште тогаш беше јасно дека избраниците на Ектор Купер немаат големи шанси ниту за бод, а само три минути подоцна следуваше потврда од страна на Артјом Зиба.
Единствено нешто што на Египет му успеа со помош на технологијата ВАР прво дојде до пенал поради прекршокот над Салах, а во 73-тата минута истиот играч го постигна првенецот и намали на 3-1.
Русија сега има шест бода и фантастична гол-разлика од 8-1. Сега останува само уште теоријата, подобро речено научна фантастика, која ги дели од пласман во осминафиналето, односно ако Саудиска Арабија забележи висока победа против Уругвај и против Египет, а јужноамериканците, исто така, убедливо да ги совладаат Русите. Египет сè уште нема бодови.

Најнови вести