Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2014

Диего Коста: Треба да уживаме во триумфот

Диего Коста, фудбалерот на Атлетико Мадрид, изјави дека неговата екипа треба да ужива во победата над Милан, како и дека не е важно кој ќе им биде противник во четврт-финалето.

Атлетико во Мадрид убедливо го совлада Милан со 4-1 во реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите и со вкупен резултат од 5-1 се пласира во наредната рунда од најелитното натпреварување.
„Треба да уживаме и да не се грижиме околу тоа кој ќе ни биде противник во следното коло. Сите се многу добри. Не беше лесно ниту во реваншот против Милан, но одигравме одличен натпревар“, изјави Коста по завршувањето на натпреварот на „Висенте Калдерон“.
„Психолошки секогаш имаме проблем кога први ќе примиме гол, а тоа и сега ни се случи. Сепак, успеавме да реагираме и да изедначиме, а потоа го контролиравме натпреварот сè до вториот гол на Атлетико. Тоа беше голем удар од којшто не можевме да закрепнеме“, изјави Кларенс Сидорф, тренерот на Милан.
„Во второто полувреме ни недостасуваше борбеност потребна за вакви натпревари. Немаше доволно креативност во нападот, разочаран сум со изданието во тој дел од играта“, додаде Холанѓанецот.
„Играчите секогаш се лошо расположени кога ќе изгубат, особено во Лигата на шампионите. Моја работа е да ги подигнам за да дадат максимум до крајот на сезоната“, изјави Сидорф.

Најнови вести