Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2014

Сидорф: Само тенк може да го запре Јувентус

Кларенс Сидорф, тренерот на Милан, изјави дека и покрај поразот, тој е задоволен од играта на својот тим против Јувентус, кого, како што изјави, само тенк може да го запре.

„Изгубивме, но играта на моите играчи беше добра. Знаевме дека играме против силна екипа и се обидовме да ја ограничиме нивната најсилна страна. Јувентус ја покажа својата сила. Мислам дека Тевес направи разлика на теренот. Можеме само да им аплаудираме. Единствено што може да го запре Јувентус е тенк“, изјави Сидорф за италијанските медиуми.
Милан на свој терен изгуби од Јувентус со 2-0 и сега е десетти на табелата на Серија А, со 35 бодови.
„Што се однесува до моите играчи, видов напредок во играта и задоволен сум. Ова беше шанса да си докажеме себе дека сме на вистинскиот пат“, заврши тренерот на Милан.

Најнови вести