Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2018

Историја: Осминафиналето прв пат без африканска репрезентација

По прв пат во историјата на Светските првенства во осминафиналето на најпрестижното фудбалско натпреварување нема да има ниту една африканска селекција.

Од Светското првенство 1986 година кога прв пат почна да се игра по овој систем, на секој турнир во оваа фаза имаше барем една африканска репрезентација.
Сега, 32 години подоцна оваа традиција е прекината откако репрезентацијата на Сенегал не се пласираше поради ферплеј правилото.
Сенегалците имаа ист број бодови и гол разлика како Јапонија, но поради повеќе жолти картони се пласираа на третото место во групата.
Покрај Сенегал, на Мундијалот учествуваа и Нигерија која заврши како трета во групата Д, Тунис, исто така трет во групата Х, Мароко и Египет кои завршија последни во своите групи.

Најнови вести