Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2017

Итурбе потпиша за Торино

Торино се огласи на својата официјална интернет-страница, Синиша Михајловиќ доби големо засилување пред продолжението на сезоната.

Торино во борбата за европското натпреварување ќе добие големо засилување со Хуан Итурбе, некогашниот играч на Верона.
Овој Парагваец во 2014 година стигна во Рома за огромни 25 милиони евра, но никогаш не го покажа целиот негов потенцијал. Откако претходната сезона играше на заем во Борнмут, оваа сезона ќе заврши во Торино.
Станува збор за заем, а Торино има право да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната по цена од 12,5 милиони евра.
Овој 23-годишен фудбалер од левото крило денес потпишал договор со Торино, а тоа е објавено и на официјалната интернет-страница на овој клуб.

Најнови вести