Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2016

Роберто Мартинес е новиот селектор на Белгија

Шпанскиот стручњак Роберто Мартинес е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Белгија.

Поранешниот менаџер на Свонси, Виган и Евертон на клупата на „црвените ѓаволи“ го наследи Марк Вилмотс кој беше отпуштен по Европското првенство на кое Белгија неочекувано беше поразена од Велс во четврт-финалето.
На Мартинес ова ќе му биде прва селекторска функција, а на есен го очекуваат квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија.
Белгија е во групата Х со Босна и Херцеговина, Грција, Естонија, Кипар и Гибралтар. Првопласираната репрезентација оди директно на Мундијал, а втората ќе игра бараж.
Дебито ќе го има на пријателскиот натпревар на 1-ви септември против Шпанија.

 

Најнови вести