Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2017

Лукаку не е сериозно повреден

Ромелу Лукаку, фудбалерот на Манчестер јунајтед, не е сериозно повреден и би требало да биде подготвен за наредниот натпревар со репрезентацијата на Белгија.

„Лукаку беше на снимање на зглобот, но не е востановена никаква фрактура или оштетување. Тој во наредните денови ќе тренира индивидуално. Прерано е да се каже дека нема да биде во составот за натпреварите против Босна и Херцеговина или против Кипар“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Белгија.
Дваесет и четиригодишниот напаѓач се повреди во неделата, на натпреварот против Кристал палас, во којшто го постигна 11-тиот гол откако дојде од Евертон во текот на летото.
Репрезентацијата на Белгија веќе се квалификува за Светското првенство во Русија наредната година - се наоѓа на првото место во групата Х со осум бодови повеќе од второпласираната Босна и Херцеговина.
Во наредните натпревари на репрезентацијата на Белгија нема да игра ниту капитенот Винсан Компани поради повреда на листот на ногата. Тој беше повикан на собирот на екипата, но се врати во Манчестер сити за да продолжи со закрепнувањето.

Најнови вести