Корисничко име Лозинка Пријави се
15.7.2016

Надал ќе игра во Рио

Претседателот на Олимпискиот комитет на Шпанија Алехандро Бланко изјави дека шпанскиот тенисер Рафаел Надал сигурно ќе учествува на Олимписките игри во Рио.

„Посветеноста на Надал е целосна. Тој ќе патува во Рио и ќе учествува на игрите, во тоа нема сомнеж“, изјави Бланко.
Бланко додаде дека четвртиот тенисер во светот редовно тренира и се подготвува да ја оствари својата голема желба да ја освои олимписката медала. Надал веќе има олимписко злато, освоено на игрите во Пекинг во 2008 година.
Шпанецот поради повреда на зглобот мораше да се повлече од Ролан Гарос, а по тоа го откажа и учеството на Вимбелдон.
Шпанскиот тенисер во Рио ќе се натпреварува во сингл и во мешани парови со Гарбиње Мугуруса.
Шпанија на Олимписките игри ќе претстави 304 спортисти.
Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се одржат од 5-ти до 21-ви август.

Најнови вести