Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2016

Икарди ќе паузира најмалку еден месец

Капитенот на Интер Мауро Икарди ќе паузира најмалку месец дена поради повреда на коленото на натпреварот против Болоња, пренесува „Скај Спорт“.

Клубот од Милан славеше во саботата со 2-1 и остана во трката за пласман во Лигата на шампионите, а Икарди мораше да го напушти теренот веќе во 10-тата минута.
Првиот извештај кажува дека е во прашање полесна повреда, а деталните информации ќе се знаат по денешните дополнителни прегледи.
Тој сигурно ќе го пропушти дербито против Рома следната седмица, како и уште неколку натпревари по репрезентативната пауза.
Икарди минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А со 22 гола, а оваа сезона постигна 12 погодоци.

Најнови вести